За нас

МГД „Геолог“ Скопје

Македонското геолошко друштво како асоцијација на сите геолози и истражувачи од сферата не гео науките во Македонија уште од своето формирање во 1952 година па се до денес во својот фокус на интерес ги има гео науките како интегрален дел во развојот на општеството и во развојот на планетата Земја во целина.

Посебно прашање во перцепциите на друштвото зазема темата за местото на гео науките во иднината.
Гео науките во иднината ќе се занимаваат со изучувањето на динамиката на самата планета Земја, односно клучните двигатели и процеси кои управуваат со еволуцијата и однесувањето на планетата, како клучни елементи за стратешките планирања за развојот на Планетата и зачувувањето на нејзините посебности како што се  динамиката на движењето на луѓето, динамиката на промените во диверзитетот на флората и фауната (екологија), а посебно внимание ќе се посвети на оние еко-системи кои ги населуваат неколкуте најоддалечени места на оваа планета, чиј радиус е 6370км, ќе заземаат централно место во иднината на Земјата, начинот на кој реагираат на (глобалните) животни и климатски промена.

Како резултат на Првиот Закон на термодинамика кој се однесува на зачувување на енергијата во системот, сите модификации на балансот на енергијата (и масата) во внатрешноста на планетата мора да имаат ефект на површината на планетата и нејзината биосфера, вклучувајќи го и општеството. Поседувањето на соодветно знаење и подобро разбирање на таквите процеси на подлабоко ниво е предуслов за разбирањето на процесите за појавата на човечки и други форми на живот на површината. Од сите сфери во Земјиниот систем, една (гео сферата) е особено премалку застапена во програмите за истражување на планетата Земја во иднината. Секоја амбиција подобро да се разберат механизмите кои ги покренуваат промените во животната средина, што е очигледно важно, е нецелосно и најверојатно погрешно ако не се вклучат најрелевантните дисциплини од сферата на гео науките бидејќи промените во гео сферата  ги  покренуваат промените во животната средина на оваа планета.


Многу аспекти поврзани со Земјата често се главен фокус за широк спектар на гео научници кои секојдневно се занимаваат со науките за Земјата. За време на минатите декади, гео научниците проучувале широк спектар на теоретски и применети аспекти на Земјата и изградиле огромна база на знаење, која може да обезбеди многу одговори на прашањата за истражување кои се релевантни за гео науките во иднината. Дел од оваа база на знаење се геолошките записи кои се откриени при истражувањата на Антарктикот во неколкуте претходни декади, и кој може да се користат како соодветна природна референца за идни климатски промени во однос на отпорноста на екосистемите и човештвото под голема разновидност на атмосферски и климатски услови.


Гео научниците направиле значаен напредок во развојот на особено релевантните модели за предвидување на случувањата во литосферата и атмосферата и преку тие огромни достигнувања во истражувањето сега ги разбираат најголемиот дел од механизмите и времето на случувањата на поголемите, помалите до оние на нано ниво процеси на Земјата. Кога дискутираме за иднината на Земјата, нејзината геосфера, атмосфера, хидросфера и биосфера, не можат да се игнорираат резултатите на таквите значајни истражувања.
Гео научниците може значајно да допринесат да се даде осврт на сите приоритети  под Темата:  Динамична планета. Всушност, не може да се даде осврт на најголемиот дел од овие приоритети (>65%) под темата, Динамична планета, без виталните знаење на заедница на научните од областа на гео науките.


Затоа и IV-от Конгрес на геолозите на Македонија треба да биде посветен на теми кои се исклучително важни за еволуцијата и развојот на самата планета Земја.


Претседателство на МГД Скопје 1952

Сподели

Почитувани,
Успешно се пријавивте за е-билтен

Почитувани,
Успешно испративте порака. Ќе бидете контактирани преку внесените податоци.